Закон за обвинителство, преговорите одложени за понеделник

Иако беше најавено, работните групи на политичките партии кои работат на новиот Закон за јавно обвинителство денеска не се состанаа..

Како што објаснуваат, датумот и времето на состанокот сè уште не се утврдени, но координацијата продолжува.

И од ВМРО-ДПМНЕ остануваат отворени за преговори, велејќи дека власта, по неодамнешните случувања во случајот „Рекет“, треба да се откаже од досегашните барања за пренесување на тимот на СЈО во Обвинителството за висок криминал и корупција. Специјалната обвинителка Лиле Стефанова, од друга страна, денеска ги повика политичарите да гласаат што поскоро за Законот за јавни обвинители да го отворат патот за натамошно гонење на криминалот.

По долгите состаноци и разговорите без резултат помеѓу работните групи за иднината на СЈО, Владата претстави своја верзија на нацрт-законот за Јавното обвинителство која е веќе во собраниска процедура и предвидена за расправа во вторник.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top