Закон за обвинителство, ВМРО ДПМНЕ го разглледува предлогот

ВМРО ДПМНЕ го доби текстот на Предлог законот за јавно обвинителство..

Пратеничката група и партиските тела ќе го разгледуваат следниве денови. Сепак, пратеникот кој беше дел од опозициската преговарачка група вели дека консензусот е многу тежок сè додека власта им посветува поголемо внимание на одредбите на Законот за дроги отколку на Законот за јавното обвинителство. Антонијо Милошоски вели дека се подготвени да го усогласат предлогот на Рената Дескоска преку амандмани.

Министерството за правда очекува пратениците да се откажат од личниот гнев и да најдат консензус за усвојувањето на Законот. Пораката на комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, дополнително ја мотивираше власта да инсистира на усвојување на овој предлог.

Министерство за правдаПораката од еврокомесарот беше јасна. Очекуваме и сакаме пратениците да смогнат сили и да гласаат мотивирани од европската иднина на земјата. Да не бидат мотивирани од личните интереси и желбата да се избегне одговорност пред законот. Ова е прашањето што го тестира нивниот патриотизам”.

Новиот предлог, кој Рената Дескоска го испрати до Собранието кон крајот на декември, предвидува овластувањата на СЈО да ги преземе Обвинителството за организиран криминал и корупција, предводено од Вилма Русковска. Разрешените специјални обвинители да продолжат да работат на активните судски предмети, истраги и предистраги. Покрај тоа, Законот предвидува проширување на тимот на Русковска, што значи дека поранешните специјални обвинители да конкурираат за работните места во Обвинителството за организиран криминал и корупција. Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека Собранието е подготвено да го усвои предлогот тогаш кога политичките партии и пратениците ќе ги надминат разликите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top