Законот за јазици на собраниска седница

Предлог законот за употреба на јазиците денеска е на дневен ред на собраниската седница..

Ова е прво читање на законот, кога по општата расправа пратениците ќе одлучат дали Предлог законот е прифатлив и може да може да се даде на натамошно читање.

Ако Собранието одлучи дека предлогот на законот е прифатлив и може да се даде на натамошно читање се продолжува со законодавната постапка, во второ читање на предлогот, кога и се поднесуваат амандмани.

Предлог законот веќе помина во Комисијата за европски прашања и за политички систем.

Главните забелешки на опозицијата беа што тој носи европско знаме, што според нив е само за да се забрза неговото донесување, иако нема врска со европската агенда и бараат поширока дебата во јавноста за ова законско решение.

Од владејачка СДСМ пак, тврдат дека законот не задира во унитарноста и дека во Македонија постои политички консензус дека не треба да се менува карактерот на државата, додека пак изјавите за кантонизација или федерализација се само политикантски изјави со кои може да се повтори 27 април.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top