Заслужи ли повеќе внимание? Реал со две реченици го испрати Бејл!

Фудбалерот кој за седум години освои 13 трофеи, од денеска не е член на Реал Мадрид бидејќи одлучи да се врати во Тотенхем каде настапуваше пред да се пресели во Шпанија..

На сите им беше јасно дека раководството и стручниот штаб не му се наклонети на Велшанецот, но никој не очекуваше дека нема да биде почитувано она што тој го направи во досегашниот период. Со него Реал освои четири титули во Лигата на шампионите со што тој е еден од најтрофејните во историјата на клубот и меѓу ретките што учествуваше во овој поход, заедно со Роналдо, Рамос и Бензема.

„Реал Мадрид и Тотенхем договорија позајмица на Герет Бејл до 30 јуни 2021 година. Нашиот клуб му посакува многу среќа на фудбалерот кој беше дел од еден од најуспешните периоди во нашата историја“, пишува во соопштението од Реал.

Љубителите на фудбалот, особено во Англија, се зачудени од ваквиот однос кон Бејл. Последната сезона играчот не беше многу на теренот, но таква беше одлуката на тренерот Зидан иако овој вредно тренираше и не пропушташе тренинзи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top