Завршена работа: Ердоган откри кога Турција ќе го добие моќниот ракетен систем

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа во Анкара откри дека рускиот против-воздушен систем „С-400“ турската армија ќе го добие веќе следниот месец..

„Прашањето околу набавката на „С-400“ е директно поврзано со нашиот суверенитет и од тоа ние нема да се откажеме. Со Божја волја, испораката на „С-400“ ќе започне веќе идниот месец. За да ги исполни своите безбедносни потреби, на Турција не ѝ се потребни дозволи и притисоци“, порача Ердоган.

Турскиот претседател порача дека ќе ги искористи добрите односи кои ги има со американскиот претседател Доналд Трамп, за да ги намали тензиите помеѓу двете земји. Се очекува Трамп и Ердоган да се сретнат на маргините на „Г-20“ самитот во Осака, Јапонија.

Соединетите Американски Држави на Турција ѝ дадоа рок до 31-ви јули да се откажат од купувањето на рускиот против-воздушен систем „С-400“, или ќе се соочат со санкции.

Покрај тоа што ќе бидат нарушени односите помеѓу НАТО сојузниците, Американците веднаш ќе ја исклучат Турција од програмата за развојот на борбениот авион од петта генерација „Ф-35“, што значи дека иако Турција досега финансиски учествуваше во развојот на авионот, турската авијација нема да ги добие овие модерни авиони.

Турција планираше да купи голем број на „Ф-35“ борбени авиони од САД, а се предвидуваше и потпишување на богати договори со американските компании кои требаше да ги одржуваат авионите и да ги снабдуваат Турците со резервни делови за тој авион, но сега сето тоа ќе падне во вода.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top