ЖИВОТ НА КРЕДИТ: Граѓаните се повеќе излез бараат во задолжувањата

Масовни задолжувања кај граѓаните бележи статистиката на Народна банка..

За живот на рати се повеќе се одлучуваат граѓаните кои за една година се задолжиле плус 194 милиони евра или заклучно со последниот месец од 2017-та банките имаат одобрено 2 милијарди 296 милиони кредити .

Споредбено со преклани, во 2016-та задолжувањето изнесувало 2 милијарди 102 милиони евра.

Најбарани се потрошувачките кредити кои изнесуваат 1 милијарда 835 милиони евра , а најмалку интерес има за автомобилски кредити чија сума заклучно со декември 2017та изнесува 10 милиони евра.

554 милиони евра отпаѓаат на станбените кредити .

Централната банка забележува и дека наплатата на долгот оди тешко . Имено за кредитни картички граѓаните должат 200 милиони евра, додека за покривање на минусот на тековна сметка 96 милиони евра.

Дел од експертите за дел од медиумите посочуваат дека државата ќе треба да размислува за Закон за личен банкрот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top